Одбојката е еднна од постарите спортски игри.Настанала пред кошарката и ракометот.Се игра во светот и кај нас.За играње треба да се совлада техниката на основните елементи.Пред се првин треба да се совлада одбојкарските ставови.
Содржини:
1.Одбојкарски ставови.
2.Одбивање топка со прсти и чекан.
3.Школски сервис.
4.Игра на мини игралишта
Видови ставови:
1. Основен или среден став.
2.Висок став.
3.Низок став.
Во одбојката постојат повеќе начини на одбивање на топката од оздола,еден од нив е и следниов начин, а исто така и чеканот(чекичот).
Основно одбивање на топка во одбојката е одбивањето со прсти на дланките над глава.Дланките со прстите (од внатрешната страна) формираат сверична површина.Одбивањето на топката се изведува со движењеисправање на телото нагоре,започнува од стапалата па нагоре, тоа знач во одбиањето учествува цело тело, завршницата е кај дланките.
Чекан е еден од начините за одбивање на топката одоздола со две раце.Местењето на дланките може да се изведе на различни начини.Поставувањето за одбивање одоздола со чекан на сајтовите е различно.Тоа го диктира движењетои висината со која доаѓа топката.Во првиот случај, од среден одбојкарски став имаме спуштање во низок став без промена на нозете.Во вториот случај, од среден одбојкарси став се прави чекор напред со левата нога но со мало потклекнување.
Сервисот оздола или школски сервис е еден од полесните и затоа се вика и основен.Кога се пошнува со одбојката првин се совладува школскиот, а потоа се преминува на другите сервиси.Топката се држи во една рака, се потфрла пред себе, а со другата се удира. Се удира со стегната дланка . Ударот се изведува и со внатрешен дел на тупаницата. Од ударите од топката не треба да ве боли дланката. Ако има таква појава тогаш можни се неколку причини за тоа:
1.Недоволно стегната дланка и лабаво удирање.
2.Тешка топка или превисоко фрлање нагоре.
Во пошетокот треба да се користат полесни топки за да ја совладате техниката на основната серва.