Sunday, December 25, 2016

Одбојка.

                                                                  Одбојка

Одбојката е еднна од постарите спортски игри.Настанала пред кошарката и ракометот.Се игра во светот и кај нас.За играње треба да се совлада техниката на основните елементи.Пред се првин треба да се совлада одбојкарските ставови.
Содржини:
1.Одбојкарски ставови.
2.Одбивање топка со прсти и чекан.
3.Школски сервис.
4.Игра на мини игралишта
Видови ставови:
1. Основен или среден став.
2.Висок став.
3.Низок став.

Во одбојката постојат повеќе начини на одбивање на топката од оздола,еден од нив е и следниов начин, а исто така  и чеканот(чекичот).
Основно одбивање на топка во одбојката е одбивањето со прсти на дланките над глава.Дланките со прстите (од внатрешната страна) формираат сверична површина.Одбивањето на топката се изведува со движењеисправање на телото нагоре,започнува од стапалата па нагоре, тоа знач во одбиањето учествува цело тело, завршницата е кај дланките.

Чекан е еден од начините за одбивање на топката одоздола со две раце.Местењето на дланките може да се изведе на различни начини.Поставувањето за одбивање одоздола со чекан на сајтовите е различно.Тоа го диктира движењетои висината со која доаѓа топката.Во првиот случај, од среден одбојкарски став имаме спуштање во низок став без промена на нозете.Во вториот случај, од среден одбојкарси став се прави чекор напред со левата нога но со мало потклекнување.

Сервисот оздола или школски сервис е еден од полесните и затоа се вика и основен.Кога се пошнува со одбојката првин се совладува школскиот, а потоа се преминува на другите сервиси.Топката се држи во една рака, се потфрла пред себе, а со другата се удира. Се удира со стегната дланка . Ударот се изведува и со внатрешен дел на тупаницата. Од ударите од топката не треба да ве боли дланката. Ако има таква појава тогаш можни се неколку причини за тоа:
1.Недоволно стегната дланка и лабаво удирање.
2.Тешка топка или превисоко фрлање нагоре.
Во пошетокот треба да се користат полесни топки за да ја совладате техниката на основната серва.

Она што ќе го совладате треба да го вежбате.Организацијата на бежбањето можете да ја изведете на мини игралишта кои сами ќе  ги обележите. Да организирате игра 2x2 или 3x3.Таквите игри се насочени кон усовршување на елементите кои сте ги совладале.Усовршувањето значи корегирање на грешките и сигурност во изведувањето на елементите

Monday, December 5, 2016

Кошарка

                                                        Кошарка.           

Мојот омилен спорт е кошарка.
Ова е се она што го знам за неа
   
Кошарката е подеднакво атрактивна и интересна игра со топка како за
машките така и за женските, многу е погодна за спортување, рекреација натпревари како и за активен одмор за сите возрасти.
Елементи од кошарката се :
1.     Кошаркарски додавања и примања – топката се држи со две раце во висина на градите, додавање и примање на топка над глава, додавање со една рака во висина на рамото, додавање со една рака во висина на рамото, додавање со една рака во висина на главата, додавање со една рака назад од висина над колкоовите.

Содржини:
1.     Додавање и фаќање топка во место и во движење.
2.     Водење на топката.
3.     Кошаркарски  двочекор.
4.     Шутирање кош.

 На кош се шутира со една рака, топката лежи на коренот на прстите на дланката со која се фрла, со другата се придржува, се потклекнува во колената, фрлањето почнува од стапалата, со исправање на телото и рацете нагоре, на крај завршно се фрла со дланката.

Видови фрлање на кош:
1.     Скок шут.
2.     Скок шут – хорог.
3.     Скок сместување.
4.     Скок шут – образ со една нога.
5.     Скок шут – со две нозе.
6.     Скок фаќање топка и шут.

Секоја екипа е составена од 12 играчи од кои 5 играат, а 7те се резерва.
Играчите во текот на играта можат повеќе пати да се менуваат.Играта
Почнува од центар со потфрлување на топката меѓу двајца играчи.
Секој прекршок над противникот се казнува со лична грешка која тој ја
изведува како слободно фрлање во игра или кош.Се игра 24 секунди.

Значи екипата треба за 8 секунди од својата да премине во потивничка
Половина од теренот, а до 24 секунди да се ослободи од топката, да
Постигне кош или да ја предаде на противникот според сегашните

Омилен спорт.

Мојот омилен спорт е кошарка.
Ова е сето она што го знам за неа
   
правила.